Швајнштајгер ја изневерувал Ивановиќ три години? Се било снимено од камерите, никој не разбрал за што се работи

од Nikola Popovski
4,7K прегледи

Веста за наводниот развод на Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер одекна низ Европа како гром. Не само поради нивните кариери, кои одбележаа една спортска ера, туку и поради имиџот што го негуваа со години – љубов без скандали, семејна идила, три деца, патувања, насмевки… Се додека бајката полека и тивко не почна да се распаѓа.

Нивната романса започна во 2014 година во Њујорк, а нивната венчавка од соништата се одржа две години подоцна во Венеција. Хотелот „Аман“, истото место каде се венчаа Џорџ Клуни и Амал, беше сцена на раскошна церемонија украсена со солзи радосници, Нина Бадриќ и светските наслови – Ана во бело, Бастијан со насмевка.

Но, во реалниот живот, бајките ретко траат вечно.

Како што објавија дел од српските медиуми, првите знаци дека нешто не чини се појавиле уште во 2022. Додека Ана го очекувала нивното трето дете, Бастијан работел како коментатор на Светското првенство во Катар – рамо до рамо со германската водителка Естер Седлачек. Нивната врска пред камерите делувала пријателска, но и повеќе од тоа – опуштена, забавна, со примеси на „хемија“ која публиката се повеќе ја коментирала.

Потоа дојде моментот кој денес, од оваа перспектива, звучи поинаку.

„Заедно одиме на двонеделен одмор, нели? – ѝ рекол Бастијан на Естер во директен пренос.

Тоа ја изненадило.

„Да, секако…не, не, не! Уживајте со семејството“, одговорила таа збунето со насмевка.

Оттогаш, сè тргна надолу – барем јавно. Ана се повлече од медиумите и изостанаа вообичаените семејни објави. Немаше честитки, немаше заеднички моменти. Соседите во Белград тврдат дека Ана е во главниот град со своите деца, додека Бастијан е претежно во Минхен.

Како тоа да не беше доволно индикативно, во последните денови се забележува и дека Швајнштајгер повеќе не носи бурма на раката. И тоа токму во периодот кога на социјалните мрежи се почесто се појавува со… Естер Седлачек.

Слични содржини