Швајнштајгер: Мурињо ми забрани да влезам во соблекувалната

од Симе Стоиков
265 прегледи

Германскиот фудбалер Бастијан Швајнштајгер откри како Жозе Мурињо го исфрлил од соблекувалната.

Една од причините за тоа беше што Германецот доцна се приклучи на тимот, поради што претрпе последици од португалскиот тренер.

„Беше 2016 година и јас бев со репрезентацијата на Германија, каде игравме на ЕУРО, каде стигнавме до полуфиналето. Кога пристигнав, остатокот од тимот замина во САД, додека јас тренирав со Златан Ибрахимовиќ.

„Следниот ден, на мојот роденден, влегов во тренинг центарот, каде Џон Мурту ми кажа дека овој простор не е за мене и дека ми е забранет влезот. Потоа отидов во друга соблекувална и тренирав со играчите до 16 години“, откри Бастијан Швајнштајгер.

„Кога го завршив тој тренинг, кој го одработив лошо, успеав да разговарам со Мурињо. Тој ми кажа дека не е задоволен од тоа како се опоравувам од повредата”.

После тоа заминав во Германија, каде што поминав време со лекарите и работев на моето закрепнување.

„На крајот го засакав овој клуб. Сè уште сум супер среќен што играв во дресот на Јунајтед“.

Слични содржини