Швајцарија нуди ваучери како подарок за луѓето што ги убедуваат другите да се вакцинираат против коронавирусот, објави денеска швајцарската влада.
Секое ново вакцинирано лице ќе биде побарано да именува едно лице што го убедило да се вакцинира за да биде наградено со ваучер од 53 долари.
Локалните власти ќе одлучат каде може да се користи ваучерот, на пример во кината или рестораните, се вели во соопштението.
„Секој може да помогне да се убеди пријател, сосед, соработник или член на семејството за придобивките од вакцинацијата. Оваа соработка на населението треба да биде наградена“, соопшти тамошната влада.
Швајцарија има една од најниските стапки на вакцинација во Западна Европа со само 58 проценти целосно вакцинирани луѓе од население од 8,7 милиони.
Швајцарија и соседното кнежество Лихтенштајн објавија повеќе од 840,000 случаи на коронавирус со 10,713 смртни случаи.