Граѓаните на Швајцарија се подготвуваат за есен, за која сметаат дека ќе биде отежната во снабдувањето со струја, а во домовите треба да имаат свеќи во случај на неколкучасовен прекин на струја, вели првиот човек на енергетскиот регулатор Вернер Лугинбил.
„Ве советувам да имате доволно свеќи во домот. Кој има шпорет на дрва нека има доволно дрва“, рече тој и наведе дека политиката на предупредување на „Елком“ во последните години не се сфаќа сериозно.
Доколку дојде до недостиг од струја, швајцарските власти подготвија мерки, како што се намалување на уличното осветлување, исклучување на осветлувањето на излозите, како и осветлени реклами, пренесува „Танјуг“.
Се размислува и за воведување забрана за употреба на уреди за правење снег, како и за продажба на електрични греалки.