Швајцарија ги замрзна средствата на Лукашенко

од Vladimir Zorba
180 прегледи

Швајцарија ги замрзна финансиските средства на белорускиот претседател Александар Лукашенко, сооптши белоруската влада, цитирана од Ројтерс.

На Лукашенко, неговиот син Виктор и на уште 13 други им е забранет влез и патување низ Швајцарија. Причината за ова е нивната улога во употребата на сила и произволно апсење по претседателските избори во Белорусија.

„Швајцарија е длабоко загрижена за тензиите и повикува за дијалог меѓу белоруската влада и граѓанското општество“, се вели во соопштението.

Швајцарската влада бара ослободување на лицата кои биле неправедно приведени и истрага за наводите дека безбедносните сили мачеле и малтретирале луѓе.