Швајцарија го одби барањето на Данска за извоз на оружје во Украина

од Stefanija Kuzmanovska
291 прегледи

Швајцарската влада не дозволи Данска да испрати оклопни транспортери од швајцарско производство во Украина, а одлуката ја образложи со својата политика на неутралност, што значи дека не снабдува зони на вооружени конфликти, пренесува „Ројтерс“.

Федералниот секретаријат за економски прашања (SECO) стави вето на понудата на Данска да ѝ обезбеди на Украина околу 20 борбени возила на пешадијата „Пиран III“, јави швајцарската телевизија СРФ, пренесе британската агенција.

Неутралната Швајцарија бара од странските земји кои купуваат швајцарско оружје да бараат дозвола за повторен извоз.

Во април, владата во Берн стави вето на повторниот извоз на швајцарската муниција за тенкови испратени од Германија во Украина и го отфрли барањето на Полска за оружје што исто така треба да му помогне на Киев, пренесува „Ројтерс“.

Слични содржини