Швајцарија ќе одлучува „од случај до случај“ за ограничувањата на трговијата со Русија

од Vladimir Zorba
202 прегледи

Од средината на мај, Швајцарија ќе одлучува „од случај до случај“ за ограничувањата на трговците да купуваат од руски државни компании кои се под санкции на ЕУ, објави денеска владината агенција задолжена за санкции, пренесе Ројтерс.

Во соопштението се вели дека забраната за трансакции со руски државни компании, предвидена во Правилникот за мерки поврзани со ситуацијата во Украина, „не се однесува на трансакции кои се строго неопходни за купување, увоз или транспорт на разни суровини во Швајцарија или земја-членка на Европската економска област“.

„И во Швајцарија, конечниот исход мора да се решава од случај до случај, без разлика дали трансакцијата е „строго неопходна“ или не“, соопшти швајцарскиот државен секретаријат за економски прашања (SECO), на прашање на Ројтерс.

Слични содржини