298
Остатоци од авион што се урнал на швајцарските Алпи во 1968 година се пронајдени во глечер, 54 години подоцна, соопшти локалната полиција.
Остатоците од авионот се откриени во глечерот Алеч, во југозападниот дел на кантонот Вале, во близина на врвовите Јунгфрау и Монч, објавија локалните медиуми.
„Истрагата утврди дека станува збор за делови од „пајпер чироки“, со регистрација HB-OYL, кој се урна на таа локација на 30 јуни 1968 година. Понатамошните работи ќе бидат преземени во најкраток можен рок“, се вели во соопштението на полицијата.