Швајцарија пресече: Одобрена вакцината на Џонсон и Џонсон

188 прегледи

Швајцарската агенција за лекови „Свисмедик“ денес ја одобри вакцината против ковид-19 на американската компанија „Џонсон и Џонсон“, изјави денеска портпаролот на агенцијата, така што оваа вакцина сега е достапна и во таа земја покрај „Фајзер-БиоНТек“ и „Модерна“.

Швајцарија досега не нарачала вакцина за еднократна употреба „Џонсон и Џонсон“, која претходно беше одобрена од САД, Канада и Европската унија, објави Ројтерс.

Глобалното истражување на „Џонсон и Џонсон“ спроведено на 44.000 луѓе открило дека вакцината е ефикасна во 66 проценти од случаите во умерена до тешка ковид-19 четири недели по вакцинацијата.

Тој е 100% ефикасен во спречување на хоспитализација и смрт како резултат на вирусот.

Слични содржини