Швајцарија: Примил вакцина против корона, па починал – причината не е позната

од Vladimir Zorba
244 прегледи

Почина жител на Швајцарија, кој неодамна беше меѓу првите во оваа земја што прими вакцина за коронавирус, а причината сè уште не е позната.

Веста ја објавија официјални лица од Луцерн, но тие не прецизираа што точно се случило и дали смртта е на било кој начин поврзана со вакцината. Целиот случај го истражува швајцарското регулаторно медицинско тело Swissmedic, пишува Ројтерс.

Исто така, не е познато кој временски период поминал од моментот кога лицето ја примило вакцината до моментот кога починало.

Минатата недела во Луцерн беа дадени првите вакцини против коронавирус во Швајцарија, од производителите „Фајзер“ и „Бајонтек“. Дистрибуирани се 107.000 дози, а заклучно со јануари, 250.000 луѓе се очекува да бидат вакцинирани месечно.

Меѓународните регулаторни тела, вклучително и Европската агенција за лекови, се категорични дека нема да направат компромис за безбедноста на вакцините.

„Само затоа што е важно за нас брзо да ја добием, не значи дека треба да почнеме да правиме компромиси и да фаќаме кривини и да игнорираме нешто што во нормални услови би го процениле“, рече претходно главниот научник на СЗО, д-р Сумја Сваминатан.

Слични содржини