Швајцарците гласаат за забрана за носење бурка

од Берта Китинска
434 прегледи

Швајцарските гласачи денеска на референдум одлучуваат за нацрт-законот за забрана за носење никаб и бурки што ги носат одредени муслиманки во таа земја, а има и гласање за забрана за носење ски маски и марами на лица за време на демонстрациите.

Анкетите покажуваат дека резултатите од гласањето ќе бидат неизвесни, објави АП.

Мерката ќе опфати луѓе на јавни места како што се ресторани, спортски објекти, јавен превоз и одење по улица.

Исклучок би биле верските објекти или во случај на безбедносни и здравствени причини, бидејќи луѓето сега носат маски за да се заштитат од пандемија на ковид 19.

Швајцарската влада се спротивставува на мерката и вели дека покривањето на лицето е „маргинално“ прашање.

Се додава дека ваквите мерки ќе го загрозат туризмот, затоа што повеќето жени кои доаѓаат како туристи од арапските земји го покриваат лицето.

Слични содржини