Погоден од бран доцни зимски бури, Лос Анџелес се справува со нешто со што поголемиот дел од северниот дел на САД веќе е запознаен: пролетни дупки на улиците. Уморен од чекање на градските екипи, актерот и поранешен гувернер на Калифорнија, Арнолд Шварценегер реши сам да ја заврши работата.
„Денес, откако целото соседство беше вознемирено поради оваа огромна дупка која со недели им прави проблеми на возачите, излегов со мојот тим и ја поправив“, напиша Шварценегер во објавата на социјалните мрежи. „Секогаш велам, да не се жалиме, ајде да направиме нешто околу тоа“.
На видеото што го придружуваше објавата, Шварценегер, кој сега има 75 години, може да се види како со лопата со свеж асфалт затвора прилично голема дупка на патот. ПР тимот на Шварценегер изјави за „Асошиетед прес“ дека тој и другите жители на Брентвуд (една од најбогатите населби во Лос Анџелес) постојано барале поправките да бидат завршени.
На видеото што го сподели Шварценегер, може да се види жената како поминува покрај него и неговата екипа, заблагодарувајќи им се што ги пополниле дупките. „Нема на што“, рече Шварценегер. „Треба да го направиме сами. Ова е лудост. Чекав три недели да се затвори оваа дупка“.
Today, after the whole neighborhood has been upset about this giant pothole that’s been screwing up cars and bicycles for weeks, I went out with my team and fixed it. I always say, let’s not complain, let’s do something about it. Here you go. pic.twitter.com/aslhkUShvT
— Arnold (@Schwarzenegger) April 11, 2023
Сепак, според градските власти, опструкцијата на патот по кој се излева асфалтот всушност не била дупка. Имено, тоа бил сервисен ров кој беше важен за работите што се изведуваат таму.
„Оваа локација не е дупка“, изјави портпаролот на градот Лос Анџелес за NBC. „Тоа е сервисен ров поврзан со активна, дозволена работа што се изведува на локацијата од страна на SoCal Gas, која очекува да ја заврши работата до крајот на мај.
Сега кога екипите на SoCal Gas треба повторно да ја ископаат дупката, можеби ќе треба малку да ја одложат таа проценка. Независно од тоа, градот соопшти дека, како и со сите слични проекти кои ги засегаат неговите улици, екипите ќе ја санираат областа откако ќе ја завршат работата“, пренесе „Јутарњи“.
Како што може да се види на видеото кое Шварценегер го објави на Твитер и Фејсбук, „дупката“ што ја пополни беше исклучително правоаголна, со прави страни. Во ретроспектива, тоа можеби беше првото навестување дека не е предизвикана од природна ерозија.