Шварценегер се прослави како „Терминатор“, а сега предупредува: Тој свет стана реалност

од Nikola Popovski
350 прегледи

Актерот вели дека верува оти Терминаторот „стана реалност“.

Според него, филмот на Џејмс Камерон, во кој важна улога имаше поранешниот гувернер на Калифорнија, ја предвиде иднината на вештачката интелигенција.

Говорејќи на настан во Лос Анџелес минатата недела, Арнолд Шварценегер рече дека сегашниот страв од вештачката интелигенција може да се толкува преку филмовите за „Терминатор“, пренесува „NME“.

„Денес сите се плашат до каде ќе оди развојот на вештачката интелигенција. Во Терминатор се работеше за машини кои стануваат самосвесни и го преземаат светот“, изјавил актерот.

Тој додал ека филмот, откако е создаден во 1984 година, само ја изгребал површината на вештачката интелигенција, но дека сценариото е генијално.

„Денес, по неколку децении, тоа стана реалност. Значи, Терминатор повеќе не е научна фантастика, туку футуристичка“, истакнал прославениот актер.

Слични содржини