278
Објавен е првиот трејлер од ТВ серијата „Фубар“ во која светски познатиот актер Арнолд Шварценегер се враќа на малите екрани, јавува „Анадолија“.
Акционата хумористична серија зборува за тоа што се случува кога татко и ќерка ќе откријат дека целата нивна врска е заснована на лаги и дека и двајцата се агенти на ЦИА.
Во трејлерот кој беше објавен на Јутјуб, беше наведено дека серијата од вкупно осум епизоди ќе се емитува на 25 мај на платформата Нетфликс.
Во „Фубар“, првата ТВ серија на дигиталната платформа во која глуми Шварценегер, играат и Моника Барбаро, Форчн Фајмстер и Енди Бакли.