Шварценегер сними аудио книга и призна дека има проблеми со читањето

од Nikola Popovski
202 прегледи

Актерот Арнолд Шварценегер призна дека е дислексичен, објавувајќи дека завршил со снимањето на неговата аудио книга „Be Useful“, која исто така ќе се појави во хартиена форма на 10 октомври.

Можам да ви кажам дека беше одлично да седнам и да ги снимам моите зборови, но вистината е дека бев преплашен. Еве ја мојата тајна: Јас сум ужасен читател, напишал Шварценегер на својот ФБ профил.

Потсетувајќи се како во 1950-тите, кога се образувал во родната Австрија, не се споменувало за постоење на деца со потешкотии при учењето, Шварценегер го опишал неговото читање пред класот како неуспешно, поради што „бил удиран со линијар“.

Но сега знам дека сум дислексичен. Кога се подготвувам за филм, го читам сценариото одново и одново со месеци, додека не го запомнам секој ред. Ми треба време и повторување за да ги разберам зборовите, изјавил актерот.

Како што е најавено, во „Be Useful“ Шварценегер преку своите искуства воведува „седум правила кои треба да се почитуваат за да се сфати вистинската смисла на сопствениот живот“.

Зборувајќи за аудио книгата, Шварценегер изјавил дека му било кажано дека писателите ќе го направат своето за два до три дена во студио, додека тој побарал домашни услови за неговото снимање и најавил дека ќе поминува од 20 до 30 страници дневно.

Според него, тоа му овозможило да работи со режисерот и продуцентот два пати на ден во пократки сесии, со континуирано вежбање помеѓу нив.

Актерот познат по филмовите „Конан варваринот“, „Предатор“, „Вистински лаги“ и серијалот „Терминатор“ истакна дека со снимањето на аудио книгата дознал дека мора да се оди напред.

Слични содржини