395
Поранешниот гувернер на Калифорнија и актер, Арнолд Шварценегер ќе глуми во Вестерн серија за стриминг платформата на интернет гигантот „Амазон“, информира ДПА, цитирајќи го „Холивуд Репортер“.
Дејството на серијата насловена „Outrider“, се развива во индијанска територија, каде се наоѓа денешна Оклахома, кон крајот на 19-тиот век.
Според написите, 70-годишниот Шварценегер ќе влезе во улога на федерален шериф, кој емигрирал од Европа во САД како дете. Холивудската ѕвезда ќе биде меѓу продуцентите на серијата
Портпаролот на „Амазон“ не одговори на барањата за коментар.