Шварценегер ќе учествува во продолжението на интернет хитот „Kung Fury“ (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
236 прегледи

Алтернативната кинокласика, „Kung Fury“ на Дејвид Сандберг не само што ќе добие продолжение (и тоа долгометражно), но кон него се приклучуваат и некои познати имиња. „Екшн-комедијата“ (или подобро кажано, сатира на евтините и наивни акциони филмови од 80-тите и 90-тите години), која не пренесува во Мајами во 80-тите години, ќе биде со учество не на кого и да е, туку на ветеранот Арнолд Шварценегер.

Филмот на Сандберг започна како Kickstarter кампања и со помош на интересен трејлер, успеа да собере над 630.000 долари и така да направи 30-минутната верзија на приказната. Таа беше распространета преку YouTube, а тогаш краткиот филм се појави и во повеќето стриминг платформи.

Нискобуџетната продукција оддава почит на акциските филмови од 80-тите и е снимена во Шведска. Во неа го гледаме истоимениот детектив „Kung Fury“ кој се тепа со нацисти, се здружува со диносауруси и како целина доживува неспоредливи авантури за 31 минута.

Во продолжението освен Шварценегер, ќе учествуваат уште Мајкл Фасбендер и Дејвид Хаселхоф.

Слични содржини