Синот на актерот, Џозеф Бена, откри детали за односот со неговиот татко.
Како што е познато, Арнолд Шварценегер го добил синот Џозеф Бена со домашна помошничка, која наводно била бремена во исто време кога сопругата на актерот, Марија Шрајвер, го чекала нивното четврто дете.
Џозеф дознал дека Шварценегер му бил татко дури во 2011 година, а потоа, како што тврди, животот целосно му се променил.
Тој тргнал по стапките на татко му, се занимавал со глума и бодибилдинг, а по завршувањето на факултетот, татко му престанал да му помага финансиски и му рекол дека отсега мора да почне да заработува.
Во тоа време Џозеф немал некои поголеми актерски успеси, па почнал да се занимава со недвижнини, за да може да се издржува.
-Благодарен сум на татко ми што ми помогна за време на факултетот. Но, сега кога тоа е готово, ми рече: „Понатаму одиш сам“. Си помислив – „Какво сра*а!“, рече Џозеф, додавајќи дека сепак му е благодарен на својот татко поради тоа:
„Ми требаше работа, не добивав улоги и немав начин да заработам пари. Морав да направам нешто, па почнав да волонтирам во агенција за недвижности. Сакав да научам што повеќе и да заработам пари. Но потоа почнав да уживам и сфатив дека сум добар во тоа, па ја добив лиценцата“, вели тој.