Можеби имате слобода да не носите маска, но треба да ги чувате оние околу вас, порача Арнолд Шварценегер.
Актерот и поранешен политичар Арнолд Шварценегер го истакна своето мислење во интервју за „Индипендент“ што мисли за луѓето кои одбиваат да се придржуваат кон мерките што треба да спречат ширење на коронавирусот.
Тој, исто така, апелираше до сите луѓе да се вакцинираат, да држат дистанца и да носат заштитни маски.
„Вирусот е тука, убива луѓе и единствениот начин да се ослободиме од него е со вакцинација, носење маски и дистанца. Треба постојано да ги миеме рацете, а не да мислиме дека нашата слобода сега е загрозена“, рече Арнолд.
Актерот објасни дека луѓето не можат да прават што сакаат ако тоа влијае на другите, па ги спореди „корона правилата “ со правилата во сообраќајот.
„Поставуваме семафори за некој да не убие некого во несреќа, не можете да кажете дека нема да застанете на црвено светло, бидејќи тогаш некого ќе убиете. „Можеби сте слободни да не носите маска, но треба да ги заштитите оние околу вас“, рече тој.
„Поставуваме семафори за некој да не убие некого во несреќа, не можете да кажете дека нема да застанете на црвено светло, бидејќи тогаш некого ќе убиете. Можеби сте слободни да не носите маска, но треба да ги заштитите оние околу вас“, рече тој.
Арнолд објави и видео на кое зборува за актуелниот проблем на својот профил на Инстаграм, па тоа предизвика лавина реакции.
Додека некои се согласија со него, многумина му рекоа дека ги разочарал и дека има политички намери.