Шварценегер: Путин, те молам стави крај на војната

од Nikola Popovski

Актерот Арнолд Шварценегер апелираше до рускиот претседател Владимир Путин да „запре оваа војна“ и им порача на руските војници дека „ги жртвуваат своите животи во безумна војна која го осуди целиот свет“.

Шварценегер, најпознат по улогата во филмот „Терминатор“, на својот Твитер профил објави деветминутно видео во кое директно му се обраќа на рускиот претседател Владимир Путин.

„Го сакам рускиот народ. И затоа морам да ви ја кажам вистината“, напиша актерот во описот на видеото.

„Претседателе на Русија вие ја започнавте оваа војна. Вие ја водите оваа војна. Вие можете да ја запрете“, рече меѓу другото Шварценегер.

 

Слични содржини