Шварци ги смени животните навики

од desk4

Актерската легенда и некогашен гувернер на Калифорнија, Арнолд Шварценегер (72) сменил многу свои стари животни навики, меѓу кои и јадењето месо. Последните три години , Арни тврди дека не јаде месо, само во многу ретки ситуации.

 


– Моментално сум 99% вегетаријанец. Иако секојдневно нè бомбардираат со тоа дека не можеме да бидеме мажи ако не јадеме месо – тоа не е точно – тврди Арнолд.
За време на промоцијата на својот последен филм „Терминатор- мрачна судбина“, тој имаше големи проблеми да го одржува својот режим на исхрана.
– Целосно ми ги уништија плановите со разни кекси, торти и грицки кои морав да ги пробувам – изјави актерот.
Неговата денешна исхрана е далеку од онаа во младите денови кога своите мускули ги одржувал со конзумирање големи количини месо, туна и јајца, а во филмот „План за бегство“ од 2013 година, тој во една прилика на противникот му вели „удираш како вегетаријанец“.
Иако едно време тој беше на политичка позиција тврди дека денес ја мрази политиката. Сепак ангажиран е околу борбата со климатските промени и ја поддржува Грета Тунберг (16) на која ѝ го понуди својот електричен автомобил. Арнолд има голема колекција ексклузивни автомобили.

Слични содржини