Шведска го екстрадираше во Турција првиот човек осуден за припадност на Курдистанската работничка партија (ПКК), која Анкара ја смета за терористичка организација.
Махмут Тат, осуден на шест години и 10 месеци затвор во Турција, синоќа е донесен во Истанбул и одведен во притвор. Тат побарал азил во Шведска во 2015 година, но бил одбиен, а неодамна бил приведен од шведската полиција, јави Танјуг.
Тоа е првиот конкретен чекор на Шведска во спроведувањето на меморандумот за членство во НАТО, потпишан со Турција во јуни, кој вклучува екстрадиција на лица вклучени во терористички активности, јави денеска НТВ.
Екстрадицијата на Тата се случи два дена по разговорите на шефовите на дипломатиите на Турција и Шведска на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Букурешт.
Турскиот министер Мевлут Чавушоглу по средбата истакна дека Анкара ја почитува одлучната намера на Шведска да влезе во НАТО, но дека очекува конкретни чекори во спроведувањето на договорот за екстрадиција на терористите во Турција.