Шведска го повика НАТО да распореди бази во таа земја

од Stefanija Kuzmanovska
272 прегледи

Шведската Либерална партија повикува на трајно распоредување на базите на НАТО во земјата откако кралството се приклучи на Алијансата, рече лидерот на партијата Јохан Персон.

„Мислам дека треба да биде јасно дека ова е начин да се зајакне безбедноста на шведскиот народ во ситуација кога надворешниот свет може да претставува многу сериозна закана за Шведска“, изјави Персон за радиото Sveriges.

Како што наведе, Шведска сега ќе има сосема „поинаква задача во тој дел од НАТО“.

„Ова значи потреба од постојани бази на НАТО“, истакна Персон, наведувајќи дека Шведска и НАТО „се партнери од 90-тите години“.

Персон се залагаше и за одржување на присуството на силите на НАТО на територијата на земјата во мирнодопски услови, нагласувајќи дека „слободата мора да се брани“.

Имено, Шведска, како и Финска, среде настаните во Украина во мај 2022 година, поднесоа барање за влез во Алијансата.

Финска стана 31-ва членка на НАТО на 4 април, додека шведската апликација сè уште нема добиено конечно одобрение од Унгарија и Турција.

Слични содржини