Шведска има намера од следната година да го зголеми буџетот за одбрана до 2 отсто од БДП

од Radmila Tasevska
277 прегледи

Шведска има намера да го зголеми буџетот за одбрана до 2 отсто од БДП од следната година за да ја исполни целта за воени трошоци поставени од западната одбранбена алијанса, јави ДПА.

Зголемувањето денеска го најави шведскиот министер за одбрана Пол Јонсон.

Шведскиот буџет за одбрана ќе се зголеми за вкупно околу 2,2 милијарди евра. Околу 58 милиони евра од тоа ќе бидат издвоени за административни такси на алијансата, рече Јонсон, додавајќи дека тоа е „затоа што прифаќаме дека ќе станеме дел од НАТО алијансата“.

Шведска и Финска поднесоа барање за влез во НАТО во мај 2022 година. Финска веќе е членка на алијансата од почетокот на овој април, но апликацијата на Шведска се уште не е одобрена од Турција и Унгарија.

Земјите на НАТО ја потврдија својата цел да потрошат најмалку 2 отсто од БДП за одбрана на самитот во Вилнус овој јули.

Слични содржини