Шведска има нов премиер

од Nikola Popovski
219 прегледи

Шведскиот парламент денеска потврди дека лидерот на Умерената партија, Улф Кристерсон е нов премиер, а тој на таа функција е избран со помош на гласовите на антиимиграциската партија Шведски демократи.

Кирстесен, водач на трипартиската коалиција (Умерените, Демохристијаните и Либералната партија) планира да ги намали даноците, да го ограничи износот на бенефиции што едно домаќинство може да ги бара годишно, да ги заостри правилата за имиграција и да и даде на полицијата повеќе овластувања, сето тоа како дел од договорот со шведските демократи.кои сега се најголемата партија на десницата по септемвриските избори.

Инаку, до 2018 година, ниту една партија не сакаше ништо да има врска со шведските демократи, но нивната порака дека „децениските претерано благи политики за имиграција“ стојат зад зголемените стапки на криминал и меѓусебната пресметка меѓу бандите ги погоди гласачите.

Претходните влади ги заострија правилата за имиграција во изминатата деценија, но новата коалиција ќе се придвижи уште подалеку надесно, според Ројтерс.

Така, барањето за азил ќе биде привремено и владата планира да го отежне добивањето бенефиции за новите имигранти.

Ќе има и преглед на стимулации за доброволна репатријација со „посебен фокус на оние кои не се интегрирале“.

Во однос на криминалот, полицијата ќе може да има повеќе овластувања против бандите, а затворските казни за членовите на криминалните групи ќе бидат подолги.

Слични содржини