111
Шведскиот премиер Улф Кристерсон денеска најави дека земјата ќе ѝ испрати на Украина нова воена помош во вредност од три милијарди круни (287 милиони долари), која ќе вклучува и системи за противвоздушна одбрана.
Претходните придонеси на вооружување од Шведска, која аплицираа за влез во НАТО заедно со соседна Финска, се движеа од едноставна опрема како што се шлемови и панцир до гранати и ракетни проектили, пишува „Ројтерс“.
Тоа е најголемиот пакет помош што Шведска го испратила досега.