Шведска ќе се задолжи до 26,8 милијарди евра за да ја зајакне одбраната

од Vladimir Zorba
19 прегледи

Сите партии во шведскиот парламент се согласија да го поддржат планот на владата за значително инвестирање во оружје и плаќање на тоа со заеми до 26,8 милијарди евра, соопшти денес шведската влада.

„Шведска е во многу сериозна безбедносна ситуација“, изјави шведскиот министер за одбрана Пал Јонсон на прес-конференција.

Јонсон рече дека затоа е многу добро што е постигнат широк и долгорочен политички договор за многу големи инвестиции во одбраната во наредните години, објави Ројтерс.

Слични содржини