Шведска: Мајка го држела својот син во заробеништво скоро 30 години

од Vladimir Zorba
184 прегледи

Стокхолмската полиција денес објави дека го истражува случајот на мајка стара околу 70 години, која е осомничена дека го чувала својот син заклучен во стан 28 години.

Обвинителката Ема Олсон изјави дека истрагата е покрената против жена која е осомничена дека незаконски ја ускратувала слободата и за нанесување на тешки телесни повреди на нејзиниот 41-годишен син, кого неодамна го пронашол роднина, а потоа ја известил полицијата, пренесува АП.

Олсон додаде дека жената негирала дека направила нешто лошо, иако нејзиниот син беше пренесен во болница поради повреди.

„Не можеме да навлеземе за какви повреди се работи“, рече обвинителот, пренесува Танјуг.

Според шведските медиуми, мажот бил пронајден во неделата, кога неговиот братучед дошол во станот каде што пронашол „урина, нечистотија, прашина“ и сè мирисало на скапано.

Според роднината, мажот бил без заби, со рани на нозете, а говорот му бил нејасен.

Локалне медиум наведува дека неговото заробеништво започнало кога имал 13 години, што било пред 28 години.

„Зборуваше брзо и неповрзано, но не се плашеше од мене“, рече роднината чиј идентитет не е откриен.

Според обвинителот, истражителите ќе ги испитаат мајката, синот и сведоците.

Слични содржини