Шведска распоредува војници на стратешкиот балтички остров Готланд

од desk3
99 прегледи

Шведска ќе распореди војници на стратешкиот балтички остров Готланд, информира Financial Times. Од една деценија таму нема војници, но зајакнувањето на руското присуство во регионот го натера Стокхолм повторно да испрати луѓе на стратешката позиција.

zx450y250_2490882

Министерот за одбрана Петер Хултквист посочи дека би препорачал распоредување на околу 150 војници во Готланд. Островот се наоѓа меѓу Шведска и Латвија, во средината на Балтичкото Море. Стокхолм ќе ги зајакне и воените вежби на морнарицата, пешадијата и воздухопловните сили околу Готланд.

“Готланд е стратешко место во Балтичко Море и тоа ќе е знак за надворешниот свет дека ја сфаќаме неговата важноста . Се што правиме цели да се воспостави сувереноста на Шведска”, изјави Хултквист пред Dagens Nyheter.

Готланд е долг 175 километри и е широк 50 км во најширокиот дел. Од 2005 година на територијата нема постојан воен контингент, иако тој се смета за стратешката точка за контролата над Балтикот.

Трите балтички држави, стравувајќи од зголемување на руското влијание во регионот одамна посочуваатна немањето на војници на островот како и околноста дека Шведска не е член на НАТО. “Готланд многу ни пречи. Тој може да биде преземен од Русија за минути и потоа ние ќе сме многу ранливи за напади”, коментира неодамна висок естонски политичар.

Хултквист изјави дека освен распоредување на војници во Готланд, Шведска си постави за цел да ја засили својата војска. Ремилитаризацијата на островот е дел од програмата на Стокхолм да инвестира дополнителни 717 милиони долари во одбрана во наредните 5 години.

Планот е знак за загриженоста на северната страна, од активностите на Русија за време на кризата во Украина и зајакнувањето на нејзиното присуство во Балтичкото Море. Руски авиони го прекршија неколкукратно воздушниот простор на Шведска и “одиграа” бомбашки напади над Стокхолм, а на крајот на минатата година шведските власти трагаа по подморница, за која се смета дека е дел од руската флота, во територијалните води на земјата.

“Фаќање на подморници е еден од најголемите приоритети”, коментира Хултквист за зголемувањето на трошоците. “Поради овие инциденти се подразбира дека е многу важно да се подобри можноста дза неутрализирање подморници. Треба да ги развиеме сега овие способности”, додаде тој.

Шведски весници објавија дека во последните месеци имало уште неколку инциденти со наводните подморници во архипелагот покрај Стокхолм. Големите централно-левичарска и десничарска партии во Шведска се согласија дека ќе си помагаат за прашањата на одбраната и безбедноста и ќе претстават пред парламентот ново законодавство во областа до крајот на април.