Шведска сака рамномерно распределување на бегалците во ЕУ

од desk3
81 прегледи

Шведска инсистира за рамномерно распределување на бегалците кои доаѓаат во земјите од ЕУ. Тоа го изјави премиерот на земјата Стефан Ловен во интервју за шведското радио, цитиран од агенциите. Тој истакна дека треба да се воведе рамномерно распределување на бегалскиот бран и ќе инсистира на тоа на започнатиот доцна синоќа во Брисел специјален Европски совет посветен на кризата со илегалните имигранти.

748582

Од доверливиот предлог, објавен од британскиот весник “Гардијан”, станува јасно дека ЕУ може да прифати само 5.000 бегалци од илјадниците кои пристигнуваат на Стариот континент од африканските земји. Лидерите на земјите од ЕУ требаше да разговараат за идејата синоќа. Ако овој предлог биде одобрен, мнозинството од преживеаните луѓе успеале да стигнат до Европа преку Средоземното Море, ќе бидат вратени во нивните матични држави. Само во Италија во минатата година пристигнале околу 150 000 бегалци, а од почетокот на 2015 година 36 000 луѓе дошле во Италија, Малта и Грција. Од документот станува јасно исто така, дека евролидери нема да ги прошират сериозно операциите за потрага и спасување во Средоземното Море. Се очекуваше лидерите на ЕУ да се согласат за итно изготвување на “систематски напори за идентификување, пронаоѓање и уништување на бродови, пред тие да се користат од страна на шверцерите”. Предвидено е испраќање на помош за земјите членки кои земаат најмногу бегалци како Италија, Малта и Грција. ”

Вашингтон прави фонд за жртвите на трговијата

Американскиот Сенат усвои едногласно закон, кој се очекува да создаде услови за поефикасна борба против трговијата со луѓе, објавија агенциите. Тој предвидува и создавање на фонд за помош на жртвите и нови средства против шверцерите. Текстот беше блокиран во неколку недели поради еден пасус,кој се однесува на абортусот кој ги соочи едни против други демократи и републиканци. Според сенаторот републиканец Џон Корнин текстот на новиот закон ќе овозможи да се покаже помош која е од клучно значење за жртвите на трговијата со луѓе со цел принудување на проституција.

Често жртвите на овој тип трговија со луѓе се девојки меѓу 12 и 14 години. “Тоа е ужасно злосторство што повеќето од нас не го гледаат никогаш, бидејќи тоа се врши надвор од нашето видно поле и искуство”, рече сенаторот. “Ние сепак фрламе вистински спас на овие жртви на трговијата со луѓе и им обезбедиме ресурси прво да се спасат и потоа да се опорават”, додаде тој. На гласањето, макар и едногласно, му претходеа жестока спорови, како демократите ги обвинуваа републиканците дека сакаат да имаат корист од овој закон, за да се направи абортусот уште потешко изводлив во САД.