Шведската агенција за јавно здравје објави дека ќе престане да користи ПЦР тестови.
Агенцијата навела дека ПЦР технологијата што се користи во тестовите за откривање на коронавирус не може да прави разлика помеѓу вируси што можат да заразат клетки и вируси кои биле неутрализирани од имунитетот, па затоа овие тестови не можат да се користат за да се утврди дали некој е заразен.
„РНК од вирусот често може да се открие неколку недели (понекогаш и месеци) по болеста, но тоа не значи дека сè уште сте заразени. Исто така, постојат неколку научни студии кои сугерираат дека инфективноста на Ковид-19 е најголема на почетокот на периодот на болеста“, наведува Агенцијата.
Наместо тестови, препорачаните критериуми за проценка на прекин на инфекцијата се засноваат на стабилно клиничко подобрување со ослободување од треска најмалку два дена и најмалку седум дена по појавата на симптомите, според Шведската агенција за јавно здравје на својата веб-страница.