Шведска: Вакцинацијата против КОВИД-19 може да започне во јануари

од Stefanija Kuzmanovska
160 прегледи

Шведската програма за вакцинација против КОВИД-19 може да започне веќе во јануари, објави во четвртокот државниот епидемиолог Андерс Тегнел.

„Како прво, вакцината мора да ги помине потребните прегледи и да биде одобрена за употреба. Нашата проценка е дека вакцинацијата може да започне веќе во јануари“, рече Тегнел.

Ризични групи, лица постари од 70 години, старатели, здравствени работници и други негуватели ќе бидат приоритет во процесот на вакцинирање.

„Во Шведска, вакцинацијата треба да се изврши во согласност со постојните процедури за планирање и одобрување“, рече Тегнел.

Во скандинавската земја досега се потврдени 236.355 случаи на инфекција со коронавирус, додека како резултат починале 6.622 лица.

Шведска беше една од ретките земји што не воведе строги мерки за затворање, но се потпре на јавните препораки за да се запре ширењето на коронавирусот. Но, откако наесен дојде нов бран епидемија, властите најавија поограничувачки мерки.

Јавните собири сега се ограничени на осум лица, а служењето алкохол е забрането од 22 до 11 часот.

Слични содржини