132
Шведската премиерка Магдалена Андерсон денеска изјави дека секое зголемување на екстрадициите, врз основа на резултатите од договорот со Турција, како и нејзиното придружување во НАТО, ќе зависи од информациите добиени од турските власти.
„Зависи од тоа какви информации ќе добиеме од Турција во оваа област“, изјави Андерсон за „Ројтерс“.
Шведска и Финска направија значаен чекор кон членството во НАТО, бидејќи Турција вчера го укина ветото на нивниот прием, откако двете нордиски земји се согласија на низа безбедносни мерки.