213
Шведската принцеза Викторија е позитивна на коронавирус и има благи симптоми, соопшти денеска кралскиот двор.
Викторија е ревакцинирана, а кралскиот двор посочи дека принцезата, која еднаш веќе имаше Ковид-19, е во самоизолација со своето семејство, објави „Ројтерс“.
Претходно оваа недела, нејзините родители, кралот и кралицата на Шведска, исто така беа позитивни на тестот за корона.
„Кралот и кралицата, кои се целосно вакцинирани со три дози, имаат благи симптоми и се чувствуваат добро, со оглед на околностите“, соопштија од палатата пред неколку дена.
Кралската палата во Стокхолм претходно објави дека кралот Карл XVI Густав (75) и кралицата Силвија (78) се во самоизолација и дека се работи на пронаоѓање на луѓето со кои биле во контакт.