Шведската влада најави 522,6 милиони евра за закрепнување на Украина, беше речено на средбата на шведскиот министер за меѓународна развојна соработка Јохан Форсел и украинската министерка за економија Јулија Свириденко, соопшти денеска украинското Министерство.
Како што се наведува во соопштението, шведската влада претстави стратегија за закрепнување на Шведска и реформска соработка со Украина за периодот 2023-2027 година, со која се обезбедуваат средства за проектите за закрепнување на Украина, пишува Киев Индипендент.
Иницијативата беше главна тема на состанокот на Форсел и Свириденко, заедно со напорите за деминирање, поддршката за приватниот сектор на Украина и зголемените тензии во Црното Море откако Русија се повлече од договорот за жито.