Шведски генерал: Мора да се подготвиме за војна со Русија

од Nikola Popovski
317 прегледи

Врховниот командант на шведските вооружени сили, Микаел Биден, предупреди на опасноста од напад врз неговата земја и повика на внимателно следење на дејствијата на Русија.

„Не треба да се исклучи можноста за вооружен судир“, ги цитираше зборовите на Биден, весникот „Афтонбладет“.

Според разузнавачката служба, Шведска првенствено треба да се плаши од „хибридни и нелинеарни“ напади од Русија. Биден ги повика воените и цивилните организации да се подготват за заеднички одговор и да ја зајакнат сајбер безбедноста.

Тој не појасни дали Шведска може да ја „исклучи електричната енергија на Русија“, но наведе дека државата мора да има можност да влијае на другите земји и да спречи реализација на сајбер операции.

Минатата есен, шведскиот парламент одобри зголемување на буџетот за одбрана до 2025 година на околу 8,8 милијарди евра, што ќе биде рекорден од 1950-тите.

Да потсетиме, Министерството за одбрана на Шведска во јануари годинава објави низа снимки на својот ЈуТјуб канал, на кои Русија беше претставена како главен непријател на државата во идните конфликти.

Слични содржини