Швеѓанец додека возел Тесла, заспал и се разбудил по поминати 40 километри

од Milan1

На шведската полиција ѝ биле потребни цели 40 километри за да го разбуди возачот кој заспал зад воланот на Тесла. Тој бил забележан од друг возач, кој се посомневал дека го видел автомобилот како забрзано вози на левата сообраќајна лента, без вклучен трепкач кога требало да престигне друго возило.

Тој повикал полиција, а патролата пристигнала за рекордно време. Меѓутоа, полицајците не знаеле како да го разбудат возачот. Тие не можеле да го турнат или управуваат автомобилот, но на крајот возачот сам се разбудил. Тој бил толку исплашен што го поместил воланот и за малку ќе удрил во полициското возило, пренесуват шведските медиуми.

Возачот на Тесла подоцна објаснил дека го обзел замор: „Многу ми е срам, тоа беше поради исцрпеност“, ѝ изјавил тој на полицијата при сослушувањето.

Човекот е обвинет и осуден за несовесно возење. Тој изјавил дека не спиел претходната ноќ и дека бил под стрес бидејќи морал да го достави автомобилот на работа.

 

Слични содржини