Шверц на тутун – државата и легалниот пазар губат милиони евра

од Vladimir Zorba
279 прегледи

Големиот пораст на нелегална продажба на најчесто шверцуван сецкан тутун на пазарите во земјава е потврден и очигледен факт. Ваквата состојба им се заканува на сите што се дел од легалниот пазар. Повеќе од 100 илјади луѓе што живеат од производството на оваа земјоделска култура, државата губи милиони евра што би можела да ги собере од акцизи, непроценливо губат околу 50.000 пушачи кои дополнително го ризикуваат своето здравје не знаејќи што пушат, а губат и производителите на цигари и други производи од тутун, се вели во анализата изработена од Теофил Блажевски како дел од активноста „Јакнење на платформата за граѓански организации за борба против корупција“.

Со оваа сива економија легалниот пазар во моментов губи околу 8-10 отсто, губи државата со можноста дополнително да ги наполни своите каси со приходи од акциза и ДДВ, по некои проценки и околу 18 милиони евра, со ризик и сегашниот приход по таа основа да се намали од намалената легална продажба. Губат и сите земјоделци што произведуваат со договори и легално од намалените количини што би ги засадувале во иднина, губат мали семејни бизниси на трговија поради не баш малите приходи што ги добиваат од компаниите за да продаваат цигари и конечно, огромна маса од десетици илјади граѓани дополнително го ризикуваат своето здравје, бидејќи не знаат што пушат – најпроблематични се количествата на катранот во ваквиот тутун кој според испитувања што ги прави и државата и тутунската индустрија може да изнесуваат и до 4 пати повеќе од дозволените параметри.

Целата анализа на следниот линк!