Сијарто: Ограничувањето на цената на нафтата ќе биде штетно за европската економија

од Vladimir Zorba
151 прегледи

Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто изјави дека воведувањето на плафон на цената на руската нафта ќе и наштети на европската економија.

„Европската унија воведува горна граница на цената на нафтата. Крајно време би било Брисел да сфати дека овие и слични мерки се најштетни за европската економија“, напиша Сијарто на Фејсбук во врска со одлуката на Групата седум (Г7), ЕУ и Австралија да воведат ограничување на цените на руската нафта која се извезува по морски пат од 5 декември.

Како што рече, потребно е да се зголеми бројот на енергенси, бидејќи тоа би довело до пониски цени.

Тој исто така изјави дека за време на преговорите за ограничување на цената, Унгарија се борела за своите интереси и на крајот била успешна во тоа.

„Многу се боревме за унгарските интереси и на крајот бевме успешни, Унгарија е изземена од примената на ограничувањата на цената на нафтата. Со ова уште еднаш успеавме да ја заштитиме безбедноста на снабдувањето со енергија на нашата земја“, напиша Сијарто.

Земјите членки на Г7, членките на Европската унија и Австралија вчера се договорија да ја ограничат цената на руската нафта на 60 долари за барел од 5 декември, се наведува во соопштението на Европската комисија.

Слични содржини