Сијарто: Прекинувањето на трговската соработка со Кина би ја продлабочило економската криза во ЕУ

од Vladimir Zorba
90 прегледи

Прекинувањето на трговската соработка меѓу Европската унија и Кина од идеолошки причини само би ја продлабочило економската криза, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи и трговија, Петер Сијарто.

За време на престојот во Париз, тој подвлече дека Европа ќе мора да биде прагматична во надминувањето на сегашниот период на сериозни предизвици, пренесе МТИ.

„Тоа главно ќе зависи од тоа дали носителите на одлуки ќе можат да дејствуваат врз основа на здравиот разум“, рече Сијарто по состанокот со генералниот секретар на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), Матијас Корман.

Слични содржини