Сијарто за американски медиуми: Да победеше Трамп, немаше да има војна во Украина

од Nikola Popovski
132 прегледи

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто во интервју за американската телевизија повикал што поскоро да се воспостави мир во Украина и оценил дека војната немала ни да избие доколку поранешниот американски претседател Доналд Трамп победел на изборите во ноември 2020 година.

Во интервјуто објавено денеска од „One America News Network (OANN)“, која е наклонета кон Трамп, Сијарто рекол дека унгарската влада повикува што е можно поскоро да се воспостави мир, да се постигне прекин на огнот и да се одржат мировни преговори во Украина, пренесува унгарски МТИ.

Тој оценил дека дебатата во Европа за војната во Украина нуди „многу ограничена“ надеж за мир бидејќи, како што наведе, „сите зборуваат со гласот на војна и ескалација“.

Во тој контекст, Сијарто изјавил дека за време на последниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ, „само тој го употребил зборот мир“.

Тој, исто така, смета дека целосно пропаднале санкциите што ЕУ ги воведе кон Русија и посочува дека, иако војната не е завршена, „европската економија е на колена, а не руската“.

Тој посочил дека Унгарија, како голем увозник на енергетенси се обидува да ја спречи Европската комисија да дава предлози кои би можеле да го намалат обемот на гас или нафта на европските пазари и со тоа да предизвикаат дополнително зголемување на цените.

Кога станува збор за приговорите поради односите на Будимпешта со Москва, Сијарто рекол дека Унгарија разговара со Русија бидејќи нејзиното постоење е „реалност и ќе биде реалност без разлика како ќе заврши војната“ и оцени дека прекинот на комуникацијата ќе значи давање со надеж дека ќе се постигне мир.

„Не можам да го докажам тоа, но чувствувам дека ако претседателските избори овде во 2020 година се одиграа на поинаков начин, оваа војна можеби немаше да избие“, вели Сијарто.

Тој оценил дека ситуацијата би била многу подобра доколку, како што наведе, Западот има силни лидери кои би можеле да разговараат со рускиот претседател Владимир Путин за завршување на војната и за постигнување мир.

„Ако претседателот Трамп победеше на изборите во ноември 2020 година, претпоставувам дека оваа војна немаше да избие“, рекол Сијарто.

Тој исто така потенцирал дека непосредна цел треба да биде да се спречи директен конфликт меѓу НАТО и Русија и предупреди дека во спротивно тоа ќе доведе до развој на настани „што никој од нас не би сакал да ги доживее“.

Сијарто нагласил дека унгарската влада се залага за „пристап со ладна глава“ и дека таа е единствената членка на НАТО која одлучи да не испраќа оружје во Украина и единствената членка на ЕУ која одби да придонесе во програмата за обука на ЕУ за украинската армија.

Слични содржини