Кинескиот претседател Си Џинпинг го покани Владимир Путин да го посети Пекинг, јави руската државна новинска агенција ТАСС.
„Вчера го поканив претседателот Путин да ја посети Кина во погодно време за него оваа година, бидејќи Кина ќе биде домаќин на третиот меѓународен форум „Еден појас, еден пат“.
„Претседателот Путин учествуваше на претходните два форума“, рече Си Џинпинг.
Проектот „Еден појас, еден пат“ кинеското раководство го осмисли уште во 2013 година за економско партнерство со Блискиот Исток и Европа со цел да се реализираат два големи проекти – Економскиот појас на копно на патот на свилата и поморскиот пат на 21 век.
Сега проектот опфаќа 78 земји во Азија, Африка и Европа, со чија помош Кина има намера да освои нови пазари и да го прошири своето влијание.