Кинескиот претседател Си Џинпинг му рекол на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун дека Кина ќе биде подготвена да работи заедно со Северна Кореја за регионален и глобален мир, стабилност и просперитет, објави севернокорејската државна новинска агенција KCNA, цитирајќи го писмото на Си до Ким.
KCNA не ги спомна неодамнешните ракетни лансирања на Северна Кореја кои ги зголемија тензиите околу Корејскиот полуостров по заедничките воени вежби меѓу Јужна Кореја и САД, објави Ројтерс.