Си Џинпинг се сретна со кралот Салман во Саудиска Арабија

од Stefanija Kuzmanovska
148 прегледи

Кинескиот претседател Си Џинпинг во четвртокот се сретна со саудискиот крал Салман бин Абдулазиз ал Сауд во палатата Ал Џамама во Ријад.

Велејќи дека му е драго што по шест години повторно ќе ја посети Саудиска Арабија, Си изрази задоволство што важниот консензус што го постигнаа тогаш за развојот на односите Кина-Саудиска Арабија се претвора во конкретна соработка.

„Соработката меѓу Кина и Саудиска Арабија има широки перспективи. Кина ја гледа Саудиска Арабија како важна сила во мултиполарниот свет и придава големо значење на развојот на сеопфатно стратешко партнерство со Саудиска Арабија“, рече Си.

„Кина е подготвена дополнително да ја зајакне стратешката комуникација и да ја продлабочи сеопфатната соработка со Саудиска Арабија со цел да ги исполни развојните интереси на двете земји и да ги заштити светскиот мир и стабилност“, додава Си.

Кралот Салман му упати топло добредојде на Си за неговата возвратна посета на Саудиска Арабија и рече дека успешната посета на Си на Саудиска Арабија во 2016 година е навистина незаборавна.

„Кина и Саудиска Арабија постигнаа одличен напредок во последниве години во создавање синергија меѓу стратегиите и водење билатерална соработка на различни полиња. Двете страни постигнаа важни меѓусебни договори за многу прашања, а она што е интерес на Кина е интерес и на Саудиска Арабија“, рече кралот Салман.

 

Слични содржини