Си Џинпинг одбил лична средба со Бајден

од Vladimir Zorba
275 прегледи

Американскиот претседател Џо Бајден го поканил кинескиот претседател Си Џинпинг да одржат средба лице в лице, но предлогот не бил прифатен, објави „Фајненшл тајмс“. Изданието се повикува на извори запознаени со текот на телефонскиот разговор што се одржа на 9 септември меѓу двајцата државници.

Разговорот, кој се одржал по американска иницијатива, траел час и половина. Ова беше само втор разговор меѓу американските и кинеските лидери од почетокот на мандатот на Бајден. Првиот се одржа пред седум месеци, на 10 февруари.

Според изданието, Бајден предложил личен самит со цел да се надмине ќорсокакот во односите меѓу Вашингтон и Пекинг. Извори на „Фајненшл тајмс“ тврдат дека Си Џинпинг ги повика САД да се придржуваат кон помалку агресивната реторика кон Кина.

Друг портпарол на весникот рече дека Бајден го споменал самитот како една од можностите за понатамошна соработка со кинескиот претседател и дека Белата куќа првично не очекува итен одговор.

Соговорниците на „Фајненшл тајмс“ не се едногласни за причината за одбивањето на кинескиот лидер. Можеби таа е диктирана од неподготвеноста на Пекинг да биде домаќин на таков самит. Во исто време, се споменуваат здравствените ризици поврзани со коронавирусот.

Се наведува дека Си Џинпинг не ја напуштил Кина од јануари 2020 година.

Слични содржини