Си Џинпинг повика на стабилизација на глобалните синџири на снабдување

од Vladimir Zorba
165 прегледи

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска повтори дека Кина се противи на еднострани санкции и рече дека тактиката на „изолација и притисок“ не може да донесе резултати, пренесува Ројтерс.

За време на видео обраќањето, Си истакна дека се потребни напори за стабилизирање на глобалните синџири на снабдување, а исто така рече дека кинеската економија е отпорна и дека нејзиниот долгорочен тренд не е променет.

Кина постојано ги критикува санкциите на Западот, вклучително и наметнатите на Русија поради инвазијата на Украина, истовремено внимавајќи да не и пружи помош на Москва што може да доведе до воведување санкции кон Пекинг, наведува британската агенција.

Слични содржини