Си Џинпинг прогласи „победа над сиромаштијата“ во Кина

од Stefanija Kuzmanovska
316 прегледи

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска на церемонијата во Пекинг објави „целосна победа“ во борбата против руралната сиромаштија при одбележување на осум години од неговиот мандат.

Државните медиуми јавуваат дека Си е одговорен за фактот дека близу 100 милиони луѓе повеќе не припаѓаат во графата „сиромашни“, што е цел што беше постигната во декември, а беше објавена оваа година, кога владејачката Комунистичка партија слави 100 години постоење.

Во говор кој траеше еден час, Си рече дека ова е наследство на раководството на партијата и предностите на кинескиот политички систем.

– Владејачката Комунистичка партија на Кина и кинескиот социјалистички систем се основни гаранти против ризиците, предизвиците и тешкотиите – спомена кинескиот претседател во својот говор во Големата народна сала.

Тој ги одликуваше клучните луѓе во борбата против сиромаштијата.

Некои експерти за глобална политика сметаат дека Кина ја постави линијата на сиромаштија прениско во нејзината дефиниција и дека се потребни одржливи инвестиции за да се продолжи развојот во најсиромашните области.

Кина ја дефинира екстремната сиромаштија како годишен приход по глава на жител што е под 4.000 јуани (620 американски долари) или околу 1,69 американски долари на ден.
Границата утврдена од Светска банка е 1,90 долари на ден.

Слични содржини