Си Џинпинг се обрати на народот: Кина испиша историја во борбата против короната, сите беа исклучителни! (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
251 прегледи

Денес кинескиот претседател Си Џинпинг ја пофали „тешко извојуваната победа“ над коронавирусот, но и начинот на кој земјата се опорави економски и ја искорени сиромаштијата во „вонредната 2020 година“.

Тој повика да се постигнат уште подобри резултати следната година за време на новогодишниот говор на националната телевизија.

„Кина ја напиша историјата во борбата против Ковид-19, бидејќи државата ги стави луѓето и животите на прво место и се бореше против епидемијата обединети, без резерви“, рече Си.

Бројни медицински работници, научници, вработени во јавните служби, волонтери и градители изградија железен ѕид за да спасат животи, додаде кинескиот претседател.

„Големината е скриена во обичните работи, а вистинските херои доаѓаат од луѓето. Секоја личност беше исклучителна”, рече меѓу другото Си.

Слични содржини