293
Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска повика на поблиска меѓународна соработка при правење вакцина за коронавирусот.
Си зборуваше денес онлајн на Азиско-пацифичкиот форум за економска соработка.
„Со цел да се победи вирусот и да се опорави светот, меѓународната заедница мора да ги остави настрана несогласувањата и заеднички да одговори на кризата и да направи тестови“, рече Си, пренесе АП.
Тој додаде дека соработката треба да вклучува подобра координација во врска со развојот и дистрибуцијата на вакцините.
Кинеските компании „Синовак“ и „Синофарм“ се во последната фаза на тестирање на вакцините, што ги прави една од десетината светски фармацевтски компании кои се на чекор од комплетирање на вакцината.