Си Џинпинг: Кина подготвува итна помош во храна за африканските земји

од Radmila Tasevska
265 прегледи

Кинескиот претседател Си Џинпинг изјави денеска дека Кина ќе обезбеди итна помош во храна за поедини африкански земји, пренесува Блумберг.

Тој за време на состаноците со претставниците на африканските земји на самитот на БРИКС во Јужна Африка рече дека Кина исто така ќе им помогне на земјите на континентот да го прошират сопственото одгледување житарици.

Блумберг наведува дека инфлацијата на храната во Африка се зголемила од почетокот на војната во Украина и дека конфликтот ги зголемил трошоците за гориво и вештачко ѓубриво, што пак ги зголемило цените на храната во Африка.

Слични содржини